Меси: Не знам дали ќе играм на СП 2026…

Некои веруваат дека Лионел Меси може да стане првиот фудбалер кој настапил на шест Мундијали, тој не ја отфрла таквата можност, но му изгледа тешко остварлива.

Меси го оствари својот сон, го освои Светското првенство со Аргентина. Веројатно тоа беше и неговиот последен Мундијал, ја искористи последната шанса за да дојде до големиот трофеј. Сепак постои дебата дали Меси би можел да одигра уште едно Светско првенство.

„Не знам за СП 2026. Секогаш истото го кажувам зашто ми изгледа многу тешко и нереално, на оваа моја возраст. Јас сакам да играм фудбал, сакам да го правам тоа што го правам, сè додека се чувствувам психички и физички на највисоко ниво. И додека уживам ќе играм, ама од оваа перспектива изгледа тешка мисија. Многу зависи од тоа како ќе продолжи мојата кариера, јас ќе наполнам 36 години. Ќе видиме како ќе се движи кариерата, што ќе правам, а сето тоа зависи од многу работи, многу фактори…“, рече Меси.

Се вчитува...