Меси: Нејмар во Реал… па тоа би било ужасно

Лионел Меси не верува дека Нејмар би извршил толкаво предавство на Барселона, селејќи се во Реал Мадрид само една година по своето заминување од „Камп ноу“. Шпанските медиуми се упорни со информациите дека Бразилецот ќе биде суперѕвездата што Флорентино Перез ќе ја доведе летеово, но Меси смета дека овој трансфер нема да се реализира.

„Нејмар во Реал… па тоа би било ужасно, за сето она што овој фудбалер значеше за Барселона. Знам дека не си замиина на најдобар начин, но да не го заборавиме неговиот придонес, со Нејмар освоивме трофеј во ЛШ, триумфиравме и во Ла Лига. Ако тој заврши во Реал Мадрид тоа ќе биде тежок удар за нас, за сите „барселонисти“. Искрено се надевам дека тоа нема да се случи“ – изјави Меси.

 

Се вчитува...