Меси: Нејмар во Реал? Тоа би било страшно!

Аргентинскиот ас Лионел Меси призна дека за него и за сите фанови на Барселона би бил своевиден шок доколку Бразилецот Нејмар еден ден го облече дресот на Реал Мадрид. Тоа го кажа и јавно во интервјуто за „TyC Sports“.

„Нејмар во Реал Мадрид? Тоа би било страшно, поради сето она што Нејмар значи за Барселона. Би бил тоа голем удар и за нас и за сите навивачи на клубот“, изјави Лионел Меси.

Нејмар минатото лето ја напушти Барселона и потпиша за Пари Сен Жермен за сума од рекордни 222 милиони евра. По само една година во ПСЖ, се почести се шпекулациите со кои Бразилецот се поврзува со можен трансфер во Реал Мадрид.

Се вчитува...