„Меси нема почит кон клубот, би било добро да си замине“

Поранешниот играч на ПСЖ Жером Ротен, го критикуваше својот поранешен клуб, особено за Лионел Меси. Според него, најдобро е Аргентинецот да си замине од клубот и да не му биде понуден нов договор.

Тој кажа дека водењето на такви три ѕвезди како Нејмар, Мбапе и Меси е тешко и комплицирано, додавајќи дека неговата плата е превисока и дека со заминувањето на Меси, тимот ќе биде подобар.

„Меси не се труди да го стави клубот пред себе. Никогаш не се заблагодарува на навивачите. Само ја спушта главата и само оди во соблекувалната. Дури и кога ги слави головите, фановите му го скандираат името, а тој не покажува гест со кој навивачите би им се заблагодарил на поддршката“, рече поранешниот играч на ПСЖ.

Се вчитува...