Фудбалерите на Интер Мајами продолжуваат со очајните резултати во МЛС лигата, ремизирајќи на домашен терен и со Атланта (2-2).
Лионел Меси повторно беше на ниво разигрувајќи го својот тим, но сето тоа залудно кога нема резултати.
Интер Мајами на двапати водеше со головите на Касемиро и Луис Суарез, но Аталанта двапати израмнуваше.
Интер Мајами по 23 кола е на второто место во Источната конференција со обезбеден пласман во плејофот, но и со десет бода помалку од лидерот Нешвил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
