Меси останува без трофејот кој му недостасува, Марсеј во четвртфиналето на Купот на Франција (ВИДЕО)

Лионел Меси ќе остане без единствениот трофеј кој му недостига во неверојатната кариера, откако неговиот Пари Сен Жермен загуби во осминафиналето од францускиот национален куп на гостувањето кај Олимпик Марсеј со 2-1.

Домашниот тим до водство од 1-0 стигна со погодокот на Алексис Санчез од пенал во 31. минута. Гостите израмнија на 1-1 преку Серхио Рамос во судиското надополнување во првото полувреме. Победа за Марсеј донесе Руслан Малиновски во 57. минута.

Marseille [2] – 1 PSG – Ruslan Malinovskyi 57′ from soccer

Се вчитува...