Меси плати „скромна“ казна од 250.000 евра за затајување данок

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси и неговиот татко Жорге неодамна беа осудени за затајување данок од повеќе од четири милиони евра.

Двајцата добија затворска казна во траење од 21 месец, како и парични казни, но поради шпанските закони секоја казна помала од две години предвидува поштеда од затвор. Па така и двајцата не заминаа зад решетки, но останаа единствено со парични казни кои, објективно, за примањата на Меси и не се нешто драматично високи.

Така Лионел Меси ќе мора да плати 250.000 евра, додека неговиот татко 180.000 евра. Колку за споредба, Меси според новиот договор со Барселона неделно ќе заработува 600.000 евра, што значи казната ќе ја одработи само за три дена.

За потсетување, таткото и синот Меси се осудени за затајување данок од 4,1 милион евра и тоа откако во периодот од 2007 до 2009 година заработката ја криеле на офшор сметки во Уругвај и Белизе.

Се вчитува...