Меси по рекорден петти пат е „Златна копачка на Европа“

Аргентинскиот ас Лионел Меси по петти пат е крунисан за најдобар голгетер на Стариот континент. Тој ја доби наградата „Златна копачка“, откако постигна 34 гола во Ла Лига во сезоната 2017/18. Претходно, фудбалерот на Барселона го заслужи признанието и во 2009/10, 2010/11, 2012/13 и 2016/17.

Меси во трката за најдобар стрелец во Европа ги победи Мохамед Салах, кој во дресот на Ливерпул постигна 32 гола во Премиер – лигата, и Хари Кејн од Тотенхем, со 30 погодоци.

Аргентинецот со петтото признание „поведе“ и во децениската трка со Кристијано Роналдо, кој има освоено четири „Златни топки“ во кариерата.

Се вчитува...