Меси по стапките на Роналдо: Доби понуда за 10 пати повисока од онаа на ПСЖ

Лионел Меси е далеку од потпишување нов договор со ПСЖ, неговиот татко ја отфрли можноста за камбек во Барселона, а според последните информации аргентинскиот генијалец би можел да ги следи стапките на Кристијано Роналдо и пред крајот на кариерата да се пресели во Саудиска Арабија.

Ал Хилал е клубот што покажува најсериозен интерес за аргентинскиот фудбалски генијалец, нудејќи му неверојатни услови. Според шпанските медиуми, понудата на Ал Хилал изнесува годишна плата од феноменални 300 милиони евра. Само за споредба, ова е за десет пати поголема сума од онаа што ПСЖ му ја нуди за нов договор на Меси (30 милиони евра по сезона), доволна причина тој сериозно да ја разгледа опцијата за преселба на Исток.

„Меси еднаш веќе го одби Ал Хилал, но понудата што сега е подготвена изнесува неверојатна годишна плата од 300 милиони евра. Затоа, никој не треба да се изненади ако Меси на крајот од сезонава ја прифати понудата од Саудиска Арабија, за пред крајот на кариерата да го наплати името што го изгради со најскапиот договор во историјата на фудбалот“, најавуваат шпанските новинари.

Се вчитува...