Меси поради повреда го пропушта рестартот на Ла Лига?

Аргентинскиот интернационалец Лионел Меси би можел да го пропушти првиот натпревар по рестартот на Ла Лига. Причина е повредата што ја заработил на тренингот во вторникот, кога се пожалил на болки во мускулот. Веднаш заминал на детални лекарски прегледи, а му било препорачано да мирува најмалку седум дена. Аргентинецот не се појави на вчерашниот тренинг на Барселона што само ги зголемува сомнежите дека повредата не е така наивна.

Барселона на 13 јуни треба да и гостува на Мајорка и прашање е дали Лионел Меси ќе биде комплетно подготвен за настап, информираат шпанските медиуми. Барселона по 27 одиграни кола има два бода предност на врвот на табелата во Ла Лига во однос на големиот ривал Реал Мадрид. „Кралевите“ рестартот на сезоната ќе го имаат на 14 јуни против Еибар на домашен терен.

Се вчитува...