Меси и ПСЖ – завршена приказна

Како „бомба“ одекна веста вчера дека Лионел Меси е суспендиран од страна на ПСЖ на две недели, откако Аргентинецот без никаква најава заминал во Саудиска Арабија, и не ги информирал челниците на својот клуб. ПСЖ не можеше да помине преку тоа, па се реши да го суспендиран Меси, кој со овој потег покажува дека е блиску до „кам-бек“ во Барселона.

Покрај суспензијата и неможноста да игра ниту да тренира со првиот тим две недели, Меси ќе остане и без значителна сума на пари. Француските медиуми дознале дека Меси нема да биде платен во текот на тие две седмици, па така Аргентинецот ќе остане без 1,6 милиони евра.

Сега е јасно дека за Меси нема иднина во Париз, но прашање е дали ќе се стави на располагање на тимот и во финишот на сезоната и одбраната на титулата во Франција, со оглед дека Марсеј опасно се заканува. До крајот на сезоната има уште три кола, но веројатно Меси е веќе минато за ПСЖ.

Се вчитува...