Меси постави четири нови рекорди во ЛШ

Лионел Меси продолжува со уривање рекорди во Лигата на шампионите. На отворањето на новата сезона, на дуелот со Ференцварош (5-1), Аргентинецот урна дури четири.

Меси првиот гол го постигна од слободен удар и со тоа 16 последовни сезони се запиша во листата на стрелците во Лигата на шампионите. Со тоа се изедначи со легендата на Манчестер Јунајтед, Рајанг Гигс.

Ова беше вкупно 115. гол на Меси во ЛШ, но дури 69-ти во групната фаза од елитното европско клупско натпреварување. Тоа е исто така рекордно остварување.

Ференцварош е 36. различна екипа на која Меси и даде гол во Лигата на шампионите. Исто така тој стигна и до уште еден рекорд, како најефикасен капитен во историјата на ова натпреварување.

Се вчитува...