Меси постави уште еден неверојатен рекорд во ЛШ

Аргентинскиот фудбалски генијалец Лионел Меси го одигра 700. меч во дресот на Барселона, го прослави со триумф над Борусија Дортмунд од 3-1, а го зачини и со нов рекорд во Лигата на шампионите.

Меси постави уште еден неверојатен рекорд, откако Борусија Дортмунд стана 34. клуб против кој Аргентинецот успеа да постигне гол во Лигата на шампионите. Зад него останаа Раул и Кристијано Роналдо, кои успеале да постигнат голови против 33 различни клубови во елитното европско натпреварување.

Меси на 700 натпревари за Барселона има вкупно 613 постигнати гола и 236 асистенции.

Се вчитува...