Меси повторно повреден

ПСЖ веќе ја обезбеди титулата во Франција, а екипата треба да го одигра својот натпревар во Лига 1 против Троја во рамките од 36. коло, а под знак прашалник е настапот на Лионел Меси.

Аргентинецот вчера тренирал под посебен режим, и токму од тука под голем знак прашалник е неговиот настап на овој натпревар.

„Меси одработи индивидуален тренинг по што почувствува болки во ребрата. Ќе бидат направени дополнителни прегледи“, соопштија од ПСЖ.

Меси го пропушти и натпреварот со Анже поради повреда на тетивата. Покрај него, мечот со Троја ќе го пропуштат и Икарди, Паредес и Дракслер.

ПСЖ има уште три меча до крајот на сезоната.

Се вчитува...