Меси повторно стрелец, но Интер Мајами загуби (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер Мајами претрпеа нов пораз во американската МЛС-лига. Тие загубија на домашен терен од Торонто со резултат 1-2. Овој неуспех ја продолжи нивната серија на лоши резултати.

Првото полувреме помина мирно и без голови. Во вториот дел гостите направија голем шок за само три минути. Торонто постигна два брзи гола во 59. и 62. минута за водство од 2-0.

Домашните долго немаа одговор на оваа игра. Надежта за бод се врати во 82. минута од натпреварот. Лионел Меси им побегна на дефанзивците и погоди за намалување на 1-2. Сепак, тоа не беше доволно за да се избегне поразот.

Се вчитува...