Меси предизвика драма во Барселона: Во друштво на најголемата желба на Каталонците (ВИДЕО)

Лионел Меси со приватен авион се врати во Барселона по репрезентативните активности со Аргентина, но не беше сам. Човекот кој го донесе со себе предизвика вистинска „лудница“ во Каталонија.

Меси допатува заедно со Лутаро Мартинез, соиграчот од репрезентацијата, кој е огромна желба на Барселона. Се разбира сето тоа веднаш ги разгоре шпекулациите за неговиот трансфер во Барса.

 

Лаутаро веќе подолг период се поврзува со каталонскиот тим. Трансферот изминатово лето не можеше да биде реализиран, и покрај интересот од сите страни.

Се вчитува...