Меси прогнозира: Има два фаворити за пехарот на СП, Аргентина не е меѓу нив

Лионел Меси ќе го игра својот последен мундијал во дресот на Аргентина, а најдобриот фудбалер на денешницата не ја крие желбата со големиот пехар во рацете да ја заврши репрезентативната кариера. Меси долго чекаше на првиот репрезентативен трофеј што го крена со освојувањето на Копа Америка во 2021, но јасно е дека е голема желбата за повторување на успехот и на мундијалот во Катар.

Сепак, според најдобриот аргентински фудбалер, „гаучосите“ не треба да се вбројуваат меѓу главните фаворити за освојување на пехарот.

„Покрај нас, ќе учествуваат големи репрезентации како Бразил, Германија, Франција, Англија, Шпанија… сигурно ќе заборавам некоја… Сепак, ако треба да изберам еден или два фаворити за пехарот, тогаш тоа се Бразил и Франција. Ова се двете селекции со најголема шанса за златниот медал“, изјави Меси.

Се вчитува...