Меси првпат ќе се појави на „free to air“ телевизија во Велика Британија

Целата британска јавност денеска ќе има можност, првпат да го гледа Лионел меси на телевизија за чија програма не се плаќа. ITV 4 вечерва ќе го емитува дуелот од Примера меѓу Барселона и Бетис.

Тоа ќе биде прва можност за љубителите на фубалот во Обединетото кралство да го гледаат Меси на натпревар во Ла Лига на слободен телевизиски канал.

ITV 4 почнувајќи од денеска ќе емитуа по еден натпревар од секое коло во Ла Лига до крајот од сезоната во мај.

Бетис е единствената екипа која сеознава ја победи Барселона на домашен терен. Каталонците кои се блиску до титулата ќе бараат одмазда на вечерашното гостување.

Се вчитува...