Меси ретко се јавува, но сега мораше да демантира: Лага до лага…, среќа што никој не верува!

Аргентинските медиуми изминативе денови лиферуваа серија информации за наводно сигурно заминување на Лионел Меси од Барселона и преселба во Интер.

Аргентинската ТВ станица „ТНТ“ објави дека преговорите меѓу Меси и Интер веќе се започнати, а Аргентинецот нема ништо против кариерата да ја продолжи во Милано. Истата станица пренеси и дека Меси наводно платил 1,5 милиони евра за Роналдињо да излезе од затворот во Парагвај.

Познато е дека Лионел Меси ретко се јавува во јавноста за пишувани текстови по медиумите, но очигледно сега мораше да се огласи. Преку својот Инстаграм профил објави дека се се тоа лажни вести, и за наводна негова преселба во Интер и за уплатени пари за Роналдињо.

„Лага еден и лага два. Сакам да демантирам се… Среќа и никој не им верува што објавуваат“ – порача Меси.

Се вчитува...