Меси: Се исплашив дека Нејмар ќе замине во Реал Мадрид

Аргентинскиот ас Лионел Меси призна во интервју за „РАЦ 1“ дека во еден момент од летниот преоден рок помислил дека Бразилецот Нејмар би можел да заврши на „Сантијаго Бернабеу“. Тој беше незадоволен од Пари Сен Жермен и инсистираше да замине, а Реал Мадрид и Барселона беа најзаинтересираните клубови.

„Искрено, во еден момент помислив дека Нејмар би можел да замине во Реал Мадрид. Тој очајно сакаше да го напушти ПСЖ, а Реал Мадрид се нудеше како реална опција. Помислив дека Флорентино и Мадрид ќе сторат се за да го добијат“, изјави Меси.

Нејмар остана во Париз, а Реал Мадрид и Барселона и понатаму за него остануваат отворени опции за следното лето.

Се вчитува...