Меси се врати на тренинзите на Барселона

Најголемата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси, се врати на тренинзите откако се опорави од повредата на бутниот мускул. Тој паузираше многу покусо од првичните прогнози, затоа што не се работеше за истегнување на мускулот, туку Аргентинецот само добил непријатен удар од соиграч во текот на тренингот.

Меси се појавил на денешниот претпладневен тренинг на каталонскиот тим и работел во сала за кревање товар, а попладне и ќе се приклучи на тренажниот процес со останатиот дел од тимот.

Барселона следната сабота ја очекува дуел против Мајорка на рестартот на Ла Лига и многу веројатно е дека Лионел Меси сепак ќе биде подготвен за да истрча на теренот. По 27 одиграни кола во шпанското првенство, Барселона има два бода предност на врвот на табелата во однос на најголемиот ривал Реал Мадрид.

 

 

Се вчитува...