Меси се врати на тренинзите на ПСЖ, доби казна од половина месечна плата

Лионел Меси се врати на тренинзите на ПСЖ по недозволеното негово заминување во Саудиска Арабија. Аргентинецот, како што тврдеше по враќањето од Саудиска Арабија, поради недоразбирање заминал на Блискиот Исток и лоша комуникација.

Сега, клубот го казни со кратање на половина плата за минатиот месец, а Меси јавно се извини истакнувајќи дека мислел дека има слободен ден.

Сепак, ПСЖ, и покрај првичната суспензија, сега му дозволи да се врати на тренинзите на првиот тим. Договорот на Меси со францускиот тим истекува ова лето, и сосема е извесно дека Аргентинецот ќе го напушти ПСЖ. Се поголем број медиуми објавуваат дека ќе се врати во Барселона, од каде мораше да замине поради клупските финансиски проблеми.

Се вчитува...