Меси се врати на тренинзите на ПСЖ, Мбапе повторно се жали на повреда

Лионел Меси се врати на тренинзите на Пари Сен Жермен по прележување на коронавирусот. Тоа значи дека аргентинскиот ас ќе биде подготвен за неделниот натпревар против Ремс со кој се затвора 22. коло во француската Лига 1.

Покрај Меси во тимот се враќа и голманот Кејлор Навас кој исто така беше позитивен на Ковид – 19. Нови проблем за Маурисио Покетино е болката на мускулот на левата нога на Килијан Мбапе, а подетално ќе се знае дали ќе може да располага на него или не по дополнителните прегледи кои ќе бидат направени во петок.

Околу Нејмар, од таборот на „светците“ пренесуваат дека неговото опоравување оди во добра насока и дека веќе почнал со полесни тренинзи.

Се вчитува...