Меси си донесе сонародник за тренер во Интер Мајами

Интер Мајами го назначи Кристијан „Кили“ Гонзалес за нов тренер на тимот, но Аргентинецот засега нема да може веднаш да ја преземе функцијата.

52-годишниот Гонзалес ќе го преземе тимот откако ќе ги добие потребните работни дозволи за престој и работа во САД. До тогаш, Интер Мајами ќе продолжи да го води привремениот тренер Гиљермо Ојос.

Ојос ја презеде функцијата во април, по заминувањето на Хавиер Маскерано, а клубот сега реши да му даде доверба на Гонзалес во обид да ја стабилизира екипата.

Интер Мајами неодамна го засили составот и со бразилскиот ветеран Каземиро, но резултатите не се според очекувањата. Тимот, и покрај присуството на Лионел Меси и уште неколку големи имиња, загуби на четири од последните пет натпревари.

Интер Мајами моментално е втор во Источната конференција во МЛС, но заостанува дури 10 бодови зад лидерот Нешвил.

Гонзалес е добро познато име во аргентинскиот фудбал. Како играч има 56 настапи за репрезентацијата на Аргентина во периодот од 1995 до 2005 година, а во клупската кариера настапуваше и за Интер, Валенсија и Росарио Сентрал.

Се вчитува...