Меси: Синот ми е најголем критичар, секогаш ми кажува кога играм слабо…

Лионел Меси игра извонредно и сезонава, најзаслужен е што Барселона се наоѓа на првото место во „Ла Лига“, но и на најдобриот може да му се случи да нема свој ден. А кога такво нешто ќе биде случај, најголем критичар на Аргентинецот е неговиот шестгодишен син Тијаго.

„Ајде тато, време е за денешниот извештај… така почнуваат неговите разговори со мене по натпреварите. Многу следи фудбал, разбира и најситни детали, ме распрашува и кога гледаме други натпревари, а кога работите не одат како што треба – Тијаго е мојот советник. Секогаш ми е тешко кога ќе играм слабо или кога ќе загубиме, а синот ми е најголем критичар, па морам дополнително да водам дискусија со него. Тој ме тера да зборувам за проблемите, да не ги премолчувам за да се таложат. Разговараме, ми објаснува што сум можел да направам подобро, зошто не сме победиле“ – истакнува Меси, откривајќи дека и во сопствената куќа има поголеми „фудбалски експерти“ од него.

Шестгодишниот Тијаго е највозрасниот од тројцата синови што Месси ги има со својата сопруга Антонела Рокуцо. Три години помлад од него е Матео, додека најмалиот син, Чиро, има само девет месеци.

Се вчитува...