Меси слави полнолетство во Барселона: Момчето што ја промени историјата

На 17 септември 2000 година аргентинскиот волшебник Лионел Меси ја промени историјата на клубот, но и на светскиот фудбал. Тогаш пристигна на „Камп Ноу“ како 13-годишно момче од аргентинскиот град Розарио, а потоа е се – историја!

Првите фудбалски чекори го направи во родниот град, во екипата на Њуелс Олд Бојс, а во каталонската престолнина се пресели заедно со своето семејство за да може да го надградува својот талент. Од дебито за првиот тим, во 2004 година, тој постигна 556 гола на 642 натпревари и освои 33 трофеи. Пет пати е прогласуван за најдобар фудбалер во светот.

Се вчитува...