Меси со големо ветување, навивачите на Барса во транс (ВИДЕО)

Лионел Меси на своите навивачи им даде ветување дека ќе ја освои Лигата на шампионите со Барселона. Зборовите на капитенот предизвикаа вистински делириум меѓу навивачите на Барселона.

„Имаме многу интересен тим оваа сезона, сега сме уште подобри од лани. Го освоивме првенството и Купот, но имаме недовршена работа во Лигата на шампионите. Се уште не боли како испаднавме минатата сезона. Ќе сторам се да го вратам трофејот од Лигата на шампионите на Камп Ноу“ – вети Меси по вчерашниот пријателски натпревар против Бока.

Минатата сезона Барселона неочекувано беше елиминирана од Рома во четвртфиналето од Лигата на шампионите, иако многумина веруваа дека каталоците ќе ја освојат европската титула која на крај повторно заврши кај Реал Мадрид.

Се вчитува...