Meси со комплименти до Мбапе: Тој е вистински ѕвер!

Лионел Меси не штедеше комплименти за својот соиграч од ПСЖ, Килијан Мбапе. Аргентинецот потенцираше дека ужива во Париз и во играта на својот тим.

Тој во интервју за јужноамериканска телевизија испрати пофалби до Килијан Мбапе и Нејмар.

„Со Нејмар и од минатото се знаеме напамет. Во Барселона поминавме одлично време заедно, сакав да бидеме двајцата подолго време во Барселона, но животот повторно не спои во ПСЖ. Што се однесува до Мбапе, морам да кажам дека тој е посебен играч. Вистински ѕвер. Фантастичен е во играта еден на еден, влетува во слободен простор и многу е брз, затоа постигнува голови. Веќе покажа дека е комплетен играч и во следните години тој ќе биде меѓу најдобрите сигурен сум“, изјави Меси.

Лео за разлика од неговата прва сезона во ПСЖ оваа втора ја започна многу подобро и потсетува на неговите денови од Барселона.

Се вчитува...