Меси со порака до „хејтерите“: Велат дека магијата исчезнала, но …

Лионел Меси од вчера почна со трeнинзи со остатокот на тимот на Барселона, ставајќи крај на бурните петнаестина дена во кои не успеа да издејствува заминување од „Камп Ноу“. Веднаш потоа Аргентинецот се појави во реклама на пивото „Бадвајзер“, испраќајќи порака до „хејтерите“ кои го критикуваа во изминатиот период.

„Рекоа дека доаѓањето во Шпанија кога имаше само 13 години ќе значи крај за него. Рекоа дека е премногу млад. Сега велат дека е премногу стар. Велат дека ја загубил љубовта кон градот. Велат дека со главата е на некое друго место. Велат дека ова е крај на неговиот циклус. Велат дека магијата е завршена“, го најавува „Бадвајзер“ аргентинскиот фудбалски генијалец.

„Сепак, величината се покажува на терен“ – порачува за крај Лионел Меси.

Се вчитува...