Меси стрелаше во Стразбур, гол доволен за нова титула на ПСЖ во Лига 1 (ВИДЕО)

ПСЖ дојде до 11-та своја титула во историјата на францускиот шампионат, запишувајќи се како првата екипа на која тоа и успеало во Лига 1.

ПСЖ, на едно коло до крајот од француското првенство, дојде до бод (1-1) на гостувањето против Стразбур, сосема доволно за четири бода предност на табелата во однос на второпласираниот Ленс.

Стрелец на единствениот гол за ПСЖ беше Лионел Меси во 59. минута за водство од 0-1 на својата екипа во тие моменти.

Домашните дојдоа до израмнување и бод со голот на Гамеиро во 79. минута.

Се вчитува...