Меси: Цела година им велев дека сакам да си одам, никој не ме слушаше

Заврши сагата околу иднината на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Лионел Меси. Аргентинецот ќе остане на „Камп ноу“ и следната сезона. Сепак, тој вели дека цела сезона велел дека сака да замине, но никој од клубот не го слушал.

„Сите во клубот беа запознаени дека сакам да заминам. Тоа им го говорев цела година. Мислев дека е време да заминам. Верував дека на клубот му требаат повеќе млади луѓе и сметав дека моето време во Барселона заврши. Ми беше многу жал, затоа што секогаш мислев дека кариерата ќе ја завршам на „Камп ноу“, изјави Меси. 

Што ќе се случи на крајот на следната сезона кога Меси ќе биде слободен фудбалер ќе остане непознаница, бидејќи во март следната година има избори во Барселона.

Се вчитува...