Лионел Меси постигна договор за купување на шпанскиот второлигаш Елденсе, објавија шпанските медиуми.
Кога ќе биде реализиран договорот, Меси ќе стане сопственик на 100 отсто од тимот и нема да има други косопственици.
За официјализирање на преземањето на Елденсе, останува да се завршат правните и договорните процедури, како и процесот на финансиска и правна проверка. За целосно да биде реализирана зделката, потребно е одобрение и од шпанскиот Врховен совет за спорт и целата работа се очекува да биде завршена за неколку дена.
Интересно е што ова нема да биде прв тим во сопственост на Меси, тој веќе го купи и Корнеља кој се натпреварува во третата шпанска лига.
Елденсе се наоѓа во провинцијата Аликанте, а според шпанските медиуми, Меси по завршување на кариерата че се врати да живее во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
