Меси влезе во историјата на Барселона

Аргентинецот Лионел Меси синоќа и официјално стана најтрофејниот фудбалер на Барселона во клупската историја.

Барселона го освои Супер купот на Шпанија со победата протов Севиља со 2-1. За Меси ова беше 33 трофеј во дресот на каталонскиот тим.

Неповторливиот Аргентинец со Барселона има девет шампионски титули во Шпанија, осум титули во Супер купот и шест титули во „Купот на кралот“. На европска сцена, Меси со Барса четири пати беше најдобар во Лигата на шампионите и три пати го освои трофејот во европскиот Супер куп.

На вечната листа, зад Меси останаа Андрес Иниеста кој има 32 трофеи и Жерар Пике и Серхио Бускетс со по 28 трофеи со Барселона.

Се вчитува...