Меси за пресметката со Реал Мадрид: Целта ни е да ја освоиме ЛШ, играм за еден од најдобрите клубови во светот

Напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси, го искажа своето мислење по ждрепката во ЛШ, која им го додели Реал Мадрид за протовник во 1/8 финалето во „елитата“. Тој кажа дека целта на тимот е да ја освои титулата во ова натпреварување.

„Целта на ПСЖ е да ја освои Лигата на шампионите. Ова е нашата главна цел. Ова е многу посебно натпреварување за сите големи клубви“, рече Меси.

Тој кажа дека преселбата во Париз за него била голема промена…

„Селидбата во Париз беше голема промена, затоа што јас и моето семејство живеевме долго време во ист град. Промената не беше лесна, но се чувствуваме одлично во овој град, и јас играм во еден од најдобрите клубови во светот“, вели Аргентинецот.

Се вчитува...