Меси за Рамос: Чудно е, бевме големи ривали, се тепавме на терен, но секогаш се почитувавме

Серхио Рамос вечерва првпат се наоѓа во ростерот на Пари Сен Жермен, откако минатото лето премина од Реал Мадрид. Тој и Лионел Меси во ист трансфер период стигнаа во Париз, а до пред само шест месеци беа големи ривали на теренот.

Аргентинскиот ас вели и покрај големото ривалство кое го имаше со Рамос последната деценија тие двајца секогаш се почитувале меѓусебно.

„На почетокот беше чудно по толку години ривалство, да се биде двајца капитени на Барселона и Мадрид, по толку многу одиграни „Ел класика“, толку многу тепачки што ги имавме на теренот… Сепак, секогаш сме се почитувале еден со друг многу, без разлика колку било големо ривалството“, изјави Меси. 

Пари Сен Жермен вечерва му гостува на Манчестер сити во 5. коло од Лигата на шампионите.

Се вчитува...