Меси конечно откри зошто не се појави на „Златната топка“

Ѕвездата на Барселона Лионел Меси во новогодишното интервју за „Марка“ меѓу другото конечно откри зошто не се појави на доделувањето на наградата „Златна топка“ која оваа година ја доби Лука Модриќ.

„Кога видов кои се номинирани знаев дека нема шанса да ја добијам наградата. А, да бидам искрен воопшто не ме интересира дали ќе бидам втор, трет или четврти. Не се надевав на никаква награда, па проценив дека нема потреба и да одам“ – истакна Меси.

Аргентинецот се осврна и на големото ривалство со Кристијано Роналдо.

„Ривалството со Кристијано е здраво и преубаво за навивачите. Кога игравме во иста лига, се обидувавме секој да победи со својот тим. Кристијано беше одличен играч за лигата и за Реал мадрид и тие дуели беа многу убави“ – изјави Меси.

Меси и Роналдо доги години играа заедно во Шпанија, едниот во Реал Мадрид, другиот во Барселона и обично ги делеа наградите меѓу себе. Летово Роналдо се пресели во Јувентус и традицијата сега е прекината.

Се вчитува...