Меси загуби во трката за „Спортист на годината“ во Аргентина

Лионел Меси ги собра наградите за најдобар светски фудбалер, но кога станува збор за трката за најдобар спортист во татковината, тука големиот ас мораше да му честита на својот сонародник Луис Скола. Искусниот кошаркар се закити со големото признание „Најдобар аргентински спортист за 2019“, откако во тесна трка беше подобар од Лионел Меси, потоа пливачката Делфина Пињатиело и возачор Агустин Канапино.

Скола повеќе од 20 години го носи дресот на „гаучосите“, а годинава ја предводеше репрезентацијата до полуфиналето од СП 2019 што се одржа во Кина. Искусниот центар на 39-годишна возраст имаше извонреден просек од 16,9 поени и 7,1 скокови по натпревар.

Тој моментно настапува за Олимпија Милано, а поради клупските обврски не беше присутен на церемонијата. Скола стана третиот кошаркар што стигнува до ова признание, по Марсело Миланезио во 1993 и Емануел Џинобили во 2003 и во 2004 година.

Се вчитува...