Месина: Ни заврши сезоната во Евролига

Олимпија Милано е најголемото разочарување во Евролигата оваа сезона. На италијанскиот тим предводен од легендарниот Еторе Месина му се предвидуваше настап во плејофот и битка за титула во најелитното европско кошаркарско натпреварување, но наместо тоа „манекените“ се на дното на табелата со скор од 6 победи и 14 порази.

По новото разочарување и поразот од АСВЕЛ, италијанскиот стратег изјави дека тоа и дефинитивно е крај на евролигашката сезона.

„Ова е крај за нас. Завршивме. Невозможно е да се вратиме на добар пат, мораме да бидеме искрени и да го признаеме тоа. Нема ни простор за нови засилувања, тоа прашање е завршено“, вели Месина.

Се вчитува...