Место славје – инцидент: Се истепаа со навивачите откако драматично обезбедија пласман понатаму во ЛШ… (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лион со домашното реми од 2-2 против Лајпциг, до кое стигнаа откако во второто полувреме губеа и со 0-2, на драматичен начин си обезбедија пласман понатаму во Лигата на шампионите. Но, потоа место славје со своите навивачи домашните фудбалери физички се пресметаа со нив.

Мемфис Депај, капитенот и најдобар стрелец на Лион кој го постигна вториот гол за пласман понатаму, при заминување од теренот забележа дека дел од навивачите се појавуваат со транспарент „Марселона заминувај од клубот“. Со оваа порака за дефанзивецот на Лион беше и цртеж на магаре како претстава за фудбалерот кој не е омилен меѓу навивачите на клубот.

Па, Депај застана во одбрана на својот соиграч оттргнувајќи го транспарентот од рацете на навивачот па по него се впуштија бројни навивачи од трибината кои едвај беа запрени од полицијата пред да се пресметаат посериозно со Депај. И останатите фудбалери на Лион се пуштија во одбрана на капитенот па дојде и до физички контакт со навивачите.

Марсело со навивачите дојде до судир за време на мечот со Бенфика, исто така во Лигата на шампионите, па од тој момент се бара негово заминување од клубот. Останатите фудбалери се солидаризираа со Марсело и затоа повеќе не ги поздравуваат навивачи по победите.

Се вчитува...