Место во плејофот е желба на Гостивар за новата сезона

Екипата на Гостивар лани имаше одличен камбек во елитното друштво, обезбедувајќи место во Супер-лигата. По добрите настапи во минатата сезона, гостиварци се надеваат дека годинава ќе направат чекор напред, па ќе се најдат и во плејофот.

„Можам да кажам дека сме подготвени за стартот на првенството. Нашите амбиции се слични како лани, најпрвин да стигнеме до Супер-лигата, а потоа да направиме чекор напред и да обезбедиме место во плејофот. Знаеме дека ќе биде тешко, лигата е израмнета, има три четири-тима што ќе се борат за влез во Супер-лигата, што значи дека мораме да бидеме фокусирани буквално на секој натпревар. Би сакал јавно да искажам благодарност до спонзорите, ова е прв клуб каде сум тренер каде се собрани околу 15 ентузијасти, луѓе кои ја сакаат кошарката и кои сакаат да помогнат на спортот“ – истакна тренерот Марјан Србиновски.

Гостивар во првото коло в сабота ќе го пречека тимот на Кожув.

Се вчитува...