Месут Озил е трансферна цел на Жозе Мурињо

Манчестер јунајтед и Жозе Мурињо прават планови да го доведат Месут Озил на „Олд Трафорд“ во јануарскиот преоден рок. Британските медиуми тврдат дека португалскиот стратег инсистира поранешниот германски репрезентативец да биде дел од неговиот тим, откако не успеа изминатото лето да доведе засилувања какви што посакуваше.

Мурињо и Озил беа заедно во Реал Мадрид. Од шпанскиот тим, Германецот во 2013 дојде во Арсенал. Сезонава одигра четири натпревари во Премиер-лигата и постигна еден гол.

Договорот на Озил со Арсенал истекува во 2021 година, а неговата вредност во моментов е проценета на 40 милиони фунти.

Се вчитува...