„Металците“ го освоија Охрид

Кошаркарите на актуелниот првак МЗТ Скопје остварија очекувана победа на гости против АВ Охрид, славејќи со 80-89. Охриѓани имаа сили за две четвртини во кои дадоа солиден отпор, па „металците“ на полувреме заминаа со само два поени позитива (41-43). Сепак, во третиот период заиграа многу поцврсто во одбраната, обезбедија и двоцифрена разлика, па до крајот рутински го приведоа мечот до крај.

Јуре Лалиќ (20) и Бојан Трајковски (24) беа најдобри поединци во победничкиот тим, додека Мирза Ахметбашиќ (21) беше лидер во составот на Охрид АВ.

Се вчитува...