„Металците“ го стопија и Фени Индустри

Во последниот натпревар од 11.коло во Првата кошаркарска лига, МЗТ Скопје славеше победа над Фени Индустри со 97-90 и со четвртата победа во серија ја задржа третата позиција на табелата. Фени останува на 5.место со 15 бода.

Почетокот на натпреварот им припадна на гостите кои со офанзивна игра ја завршија првата четвртина со предност од 16-27. Но, потоа „металците“ ја презедоа контролата и го задржаа водството до крај.

Во втората четвртина домаќините возвратија со 27-19, а уште поефикасно кошаркарите на МЗТ Скопје одиграа во третата четвртина која ја добија со 33-17 и тука ја направија решавачката предност која се покажа недостижна за Фени Индустри.

Најзаслужен за триумфот на МЗТ Скопје беше Дамјан Стојановски кој го заврши мечот со 26 поени, седум скока и три асистенции.  Андрија Бојиќ додаде 23 поени, шест скока и две асистенции.

Кенет Фундербург со 20 поени, пет скока и пет асистенции беше прв стрелец во тимот на Фени Индустри. Јане Стојковски додаде 17 поени, четири скока и девет асистенции.

Се вчитува...