„Металците“ незапирливи: Триумфално и против Динамик во Србија (ФОТО)

Продолжуваат извонредните игри на МЗТ Скопје и во АБА 2 регионалната лига. По убедливата победа над Работнички во македонскиот шампионат, „металците“ триумфално минаа и на гостувањето против Динамик во Србија победувајќи со 82-92 (21-22, 24-29, 19-19, 18-22).

Натпреварот почна во израмнета игра, но очигледна беше трпеливиста во таборот на македонскиот шампион кој знаеше што сака на паркетот. Со попрецизна игра во нападот во втораата четвртина, на полувреме се замина со предност од шест поени (45-51).

Во второто полувреме рутински се одржуваше предноста која беше дуплирана во последниот период од играта и за конечна победа.

Најефикасен во таборот на МЗТ Скопје беше Хајндс со 22 поени кој имаше и 13 асистенции. Бојан Крстевски запиша 21 поен, дополнети и со четири скока, а Дамјан Стојановски мечот го заврши со 19 поени. Двоцифрен уште беше Ерон Херис кој мечот го заврши со 16 поени. Кај домашните се издвоија Пашајлиќ и Глишиќ со по 16 постигнати поени.

Со овој триумф „металците“, со седум победи и два порази од девет кола, се на втората позиција на табелата зад Борац кој е со осум победи и само еден пораз.

Се вчитува...