Металург без проблеми против Охрид

Ракометарите на Металург без поголеми проблеми славеа над Охрид со 28-24 во 11. коло од ракометната Суперлига. Домаќините уште во првото полувреме покажаа дека се поквалитетни од противникот, а по 30. минути игра имаа предност од 15-11.

„Металурзите“ во вториот дел успеаја да го исконтролираат резултатот и на крајот да стигнат до конечен триумф од 28-24. Василије Калуџеровиќ со седум гола беше најефикасен во таборот на победникот, додека пет додаде Златко Хорват.

Кај поразените натпреаварот со по четири гола го завршија Денис Тот и Филип Николов.

Се вчитува...