Металург ги реши и охриѓани за втора победа во плејофот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Металург ја запиша и втората победа во 2. коло од разигрувањето за титулата во плејофот, славејќи со 27-24 против ракометарите на Охрид.

На мечот во Автокоманда домашните од самиот почеток наметнаа ритам за победа. Од стартот се создаде разлика која на крајот од првиот дел стигна до 16-11. Во второто полувреме охриѓани се обидоа да се доближат, но освен што го ублажија поразот не успеаја да стигнат до пресврт.

Филип Кузмановски со осум гола беше најефикасен кај Металург, пред Јагањац со четири погодоци. Кај охриѓани најдобри стрелци беа Димитријески со осум и Младеновски со седум гола.

По овој триумф Металург е се две победи од исто толку натпревар во плеј-офот, додека Охрид го запиша и вториот пораз.

Се вчитува...