Металург храбро се држеше, но Пејовиќ му донесе победа на Пролет во Автокоманда

Скопската пресметка во првото коло од Супер-лигата меѓу Металург и Пролет заврши со триумф на гостинскиот состав, кој славеше со 22-24 за победнички старт на новата сезона. Металург се соочи со огромни проблеми во пресрет на овој меч бидејќи не ги доби навреме лиценците од ЕХФ за регистрација на странските засилувања. Иван Марковски денеска можеше да смета само на десет ракометари, но и со десеткуван состав „металурзите“ одлично му парираа на Пролет до самиот крај. Во финишот сепак пресуди искуството и квалитетотт на Жарко Пејовиќ, кој со два гола во последните три минути ја донесе победата на гостинскиот состав.

Избраниците на Андон Бошковски имаа минимална предност од самиот почеток, во неколку ситуации Пролет имаше и „плус два“, но Металург успеваше да се врати. Голубовиќ погоди пред самиот краја на полувремето и на одмор се замина со водство на гостите од 12-13, по што возбудувањата продолжија и во вториот дел. Младиот Брестовац имаше неколку одлични интервенции на голот на Металург и домашниот тсостав за момент поведе со 17-16, но Пролет набрзо воспостави контрола. По голот од контранапад на Палевски и исклучувањето на Хорват гостите повторно дојдоа до водство, што овојпат го задржаа до крајот и стигнаа до победата. Пејовиќ беше човекот на одлука во клучните моменти, со два гола ставајќи печат на триумфот.

Голубовиќ и Пејовиќ со по пет постигнати погодоци беа најефикасни во таборот на Пролет, додека кај Металург најдобар стрелец беше Хорват со седум, пред Петров со пет гола.

Се вчитува...