Металург ја освои Битола, гол-шоу на Хорват против младите „пелистерци“

Металург останува во во игра за излез во ракометна Европа откако тимот од Автокоманда славеше на гостувањето против Еурофарм Пелистер 2 со резултат 31-34. Неколку екипи се мачеа на ова гостување во салата „Боро Чурлевски“, но „металурзите“ предводени од Златко Хорват уште во првото полувреме го скршија отпорот на младите „пелистерци“.

Мечот беше израмнет до 7-7, кога Металург ја направи првата мини-серија и поведе со 7-11. Битолчани за момент се вратија, намалија на 11-13, но одбраната не беше на посакуваното ниво, а искусниот состав на Металург знаеше како да го искористи тоа, па пред се благодарение на Хорват (девет гола во првото полувреме) гостите од Скопје заминаа на одмор со водство од 15-19.

„Зелено-белите“ подобро го отворија вториот дел, намалија на 19-21, но Металург се разбуди навреме и експресно стигна до најубедливи 21-27. резултат при кој Александар Јовиќ побара тајмаут. Мартин Серафимов поради повреда мораше да го напушти теренот, а Еурофарм Пелистер 2 повторно влезе во серија, преполовувајќи ја предноста на гостите (24-27). Сепак, Металург беше преискусен тим за да дозволи камбек во завршницата, избраниците на тренерот Марковски го исконтролираа резултатот до крај, заслужено славејќи со 31-34.

Златко Хорват со 12 погодоци беше најефикасен ракометар на натпреварот, Калуѓеровиќ постигна шест погодоци за Металург, додека Јован Талевски и Петровиќ со по осум гола беа најефикасни

Се вчитува...