Металург ќе игра на турнир во Франција

Македонскиот вицешампион Металург, во текот на зимската пауза во јануери дел од подготовките ќе ги реализира во Франција и ќе настапи на турнирот „Мастер Гренобл“. Тренерот Данило Брестовац кој дел од својата играчка кариера ја помина во Франција, а потоа две сезони му беше помошник на Ивица Обрван во тимот на Шамбери, инфорираше дека Металург на подготовките во Франција ќе одигра и неколку пријателски натпревари со екипи од најсилната француска лига.

„Во јануари ќе учествуваме на турнирот во Гренобл, а потоа имаме договорени пријателски натпревари со уште три француски екипи од најсилната лига. За пријателските средби имав повици и од некои второлигашки екипи, но за да бидеме најдобри мораме да учиме од најдобрите и затоа сметам дека треба да играме само со силни екипи. Во спротивно би добиле лажна слика за нашиот квалитет. Потребно ни е добро интернационално искуство и добра минутажа за да дојдеме до ситуација да му парираме на Вардар“ – истакнува Данило Брестовац.

Покрај Металург и домаќинот Гренобл, на „Мастерс Гренобл“ ќе настапи и францускиот прволигаш Истр и шпанскиот Бидасоа Ирун. Турнирот ќе се одигра на 19 и на 20 јануари.

По настапот во Гренобл, во периодот од 22 до 24 јануари, Металург ќе одигра пријателски средби со Екс Прованс, Ним и со Сан Рафаел.

Се вчитува...