Металург му честиташе, Лино раскажа дека во Автокоманда немало ниту добар тоалет

Поранешниот предводник на Металург и селектор на македонската ракометна репрезентација, Лино Червар со хрватската селекција го загуби и третото финале на европските првенства. По поразот од Шпанија во финалето на штотуку завршниот шампионат, Червар најави дека веќе нема да ја води хрватската репрезентација на европски и на светски првенства. Тој зборувајќи за кариерата во ракометот го спомена и Металург.

Во Македонија пет години тренирав екипа од крајот на градот, сиромашна екипа, со неа двапати бевме меѓу петте најдобри во Европа, а немавме ниту добар тоалет“ – рече меѓудругото Червар.

Неговиот поранешен клуб, Металург веднаш по завршувањето на финалето на социјалните мрежи му испрати честитка за постигнатиот успех.

 

 

 

Се вчитува...